Нов пункт за донации за погодените реони во страшното невреме

Од денес во Skopje City Mall ќе биде поставен пункт за собирање на помош за настаданите во стравичните поплави кои викендов го зафатија нашиот град и однесоа повеќе од 20 жртви, многумина беа повредени и многу луѓе останаа без кров на главата.

Пунктот ќе биде отворен денес во 15 часот и ќе работи до 22 часот утре и останатите денови ќе функционира секој ден од 10 часот до 22 часот.Сите граѓани кои што можат и имаат волја можат да донираат и на овој пункт.

ЛИСТА НА ПОТРЕБНИ РАБОТИ:

  • Конзервирана храна,
  • Вода за пиење,
  • Средства за хигиена,
  • Средства за дезинфекција,
  • Алати

Пунктот е лоциран на самиот влез од страната на ул.МАНАПО (Карпош 3). Исто така активиран е бројот 143 400 на кој граѓаните може да донираат 100 денари.