Нов раздор го гризе СДСМ?

Нов раздор во социјалдемократските редови и поделеност околу плановите како и што ќе се случува со партијата во иднина.

Партиски извори брифираат дека ратениците од редовите на Социјалдемократскиот сојуз кои добија мандати на последните парламентарни избори, а кои по одлуката на партиското раководство се уште се надвор од пратеничките клупи побарале гаранции од лидерот Зоран Заев дека доколку наскоро се одржат нови избори, како што се бара, тие повторно да се најдат на кандидатските листи.

Нашите извори, велат дека на ваквите барања на избраните пратеници Заев одговорил негативно и не дал никави ветувања дека истите луѓе повторно ќе бидат кандидати за пратеници доколку премиерот Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ ги прифатат барањата за формирање на техничка влада која би спровела нови парламентарни избори.

Голем дел од новите пратеници се нашле засегнати од ваквиот одговор на Заев со аргументи дека тие вложиле многу труд и енергија во предизборната кампања и дале ветувања пред гласачите кои ги избрале дека ќе ги застапуваат во парламентот и дека не би било конкретно доколку тие ќе се повлечат.

Дел од избраните пратеници на раководството му предочиле дека со неостапувањето на барањата и бојкотот на парламентот земјата може да го загуби кандидатскиот статус и одземање на препораката за почеток на преговори за членство во Европска Унија, што во секој случај би било лош сигнал, а вината за тоа би паднала врз опозицијата, нешто со што раководството на Социјалдемократите не може да се соочи.

Заев уште на денот на изборите изјави дека СДСМ не ги признава изборните резултати, по што избраните пратеници не ги прифатија уверенијата за пратеници, а подоцна иако Собранието им ги верификуваше мандатите не се појавуваат на работа во парламентот.

Заев и покрај повиците од домашната и европската јавност да го прекине бојкотот и битката со власта да ја води во институциите.