Нов рекорд на невработени во Франција

Нови 26 илјади невработени беа забележани минатиот месец во Франција, со што е достигнат бројот од 3,53 милиони лица без работа.

Овие 3,53 милиони невработени се од „катгоријата А“, односно лица кои немаат никаква работна активност, додека заедно со лицата кои имаат извесна работна активност и истовремено бараат работа, бројот на невработените само во континенталниот дел на Франција изнесува 5,34 милиони и заедно со француските прекуморски територии достигнува 5,64 милиони.

Ова е рекордна бројка на невработени во историјата на Франија. Најголем пораст на невработени е забележан кај повозрасните и тоа за 8,7 отсто на годишно ниво и кај невработените кои бараат работа подолго време, за 10,2 проценти во однос на минатата година.

Наспроти новиот пораст на невработеноста, францускиот министер за труд Франсоа Ребсамен најави финансирање на дополнителни 100.000 договори за вработувања во 2015 година, кои во моментов ги има 450,000.

Од изборот на Франсоа Оланд за претседател на Франција, бројот на невработени во Фрамција за три години се зголеми за 600 000 лица.