Нов роман „Неверство“ на Дејан Трајковски

Авторска средба со писателот Дејан Трајкоски, по повод неговиот нов роман „Неверство“, ќе се одржи утре во 12 часот во Друштвото на писателите на Македонија. За делото во ДПМ ќе разговараат авторот Дејан Трајкоски и писателот Александар Прокопиев, а средбата ќе ја води Александра Велинова.

Со романот „Неверство“ Дејан Трајкоски беше во најтесен избор за наградата „Стале Попов“ за најдобра прозна книга во 2014 година, што ја доделува Друштвото на писателите на Македонија. За ова дело Венко Андоновски, меѓу другото, пишува: „Исклучително елегантно напишан роман. Сè на сè, романот на Трајкоски најавува целосно зрел прозен автор, кој за мене е исклучително пријатно изненадување. И исклучителна појава во нашата книжевност, затоа што не се задоволува со традицијата, но не ја ни отфрла: бара нова форма и веќе е зад прагот на нејзиното откривање.“

Дејан Трајкоски е дипломиран професор по филозофија и автор на романите „Вистина, љубов“ (2012) и на „Неверство“ (2014).