Нов руски конвој со хуманитарна помош за Доњецк и Луганск

Нов руски конвој со хуманитарна помош денеска се упати кон источните украински области Доњецк и Луганск, соопшти руското Министерство за вонредни состојби, пренесе МИА.

Министерството, како што се наведува во соопштението испраќа помош на барање на лидерите на Доњецк и Луганск.

Во конвојот се наоѓаат лекови за медицинските установи и гориво за клучните служби, вклучувајќи ја и службата за брза помош и амбулантите, изјави заменик-директорот на Центарот за управување со кризи, Олег Воронов.

Конвојот е составен од 20 камиони и тие пренесувата вкупно сто тони помош.

Ова е шестти хуманитарен руски конвој за Доњецк и Луганск. Со петте претходни конвои, Русија испрати во овие две отцепени украински области 7.500 тони помош, која се состоеше од храна, лекови, електрични генератори, облека и флаширана вода.