Нов шок на Ноу Камп, Мартино најави оставка

Предводникот на каталонскиот гигант Барселона, Херардо Тата Мартино, го привлече вниманието на фудбалската јавност со изјавата дека е можно да си замине од “Ноу Камп” на крајот од актуелната сезона.

„Кога ќе започнеш еден проект, нормално дека сакаш истиот да го завршиш. Сепак, во фудбалскиот свет нема ништо сигурно.Не можам да кажам дека се е идеално на „Ноу Камп”. Сите сакаат да имаат успешна сезона, а јас наполно ја сваќам одлуката на Сандро Росел. Разговарав со Росел пред да ја донесе одлуката за оставка. Знам дека од секогаш веруваше во моите квалитети и нема да сокријам дека сакав да остане на претседателската функција. Исто ми го кажа што и го кажа на прес-конференцијата, истата причина поради која си заминува. Ја имав подршката на Росел, но истото можам да го кажам и за Зубизарета и за новиот претседател”, изјави Мартино.