Нов шок за Ливерпул – Стариџ ќе паузира до октомври

Напаѓачот на Ливерпул, Даниел Стариџ ќе биде надвор од фудбалските терени дури до октомври што значи дека ќе пропушти два месеци од новата сезона.

Во вторникот во Њујорк, врз напаѓачот беше извршена операција и ќе мора да паузира околу пет месеци. Најрано до септември тој нема да може воопшто да тренира, а веќе во октомври ќе треба да ги помине физичките подготовки пред да се врати во игра.

Новата сезона во Премиер лигата почнува на средината од август, па како и оваа кампања, Ливерпул повторно нема да може да смета на еден од своите најдобри фудбалери.

Отсуството на Стариџ ќе го принуди менаџерот Брендан Роџерс да купи нив напаѓач во летниот преоден рок.