Земјотрес со јачина од 7,1 степени по Рихтеровата скала ја погоди денеска Папауа Нова Гвинеја, соопшти американскиот Геолошки завод.
Епицентарот на земјотресот бил на 128 километри југозападно од градот Рабаул, а на длабочина од 61 километар.
Засега нема податоци за евенуални жртви, ниту предизвикана материјална штета.
Ова подрачје и вчера беше погодено од земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтеровата скала.