Нов систем за подобро лекување на бубрежно болните

На Универзитетската клиника за нефрологија во Скопје денеска ќе биде пуштен во употреба новиот систем за реверзна осмоза со кој значително ќе се подобри квалитетот на лекување на болните со хемодијализа.

Во Македонија има околу 1.500 бубрежно болни кои одат на дијализа, а една третина од нив има потреба од трансплантација.

На настанот ќе присуствува директорот на Клиниката Александар Шиколе.