Нов скандал го тресе британското кралско семејство?

Откако се родија, принцот Џорџ (2) и неговата 11 месечна сестра Шарлот се трн во окото на Камила Паркер(68).

Војвотката од Корнвол и сопруга на принцот Чарлс (67) децата наводно многу ја потсетуваат на принцезата Дајана, поради што Камила крај нив не се чувствува пријатно.

Анимозитетот го забележале и принцот Вилијам (33) и Кејт Мидлтон(34), па наводно не сакаат „бабата“ да биде со децата без надзор.

-Камила смее да ги гледа децата само е со сопругот Чарлс – вели извор близок на британското кралско  семејство. Камила наводно се почесто се кара и со сопругот, бидејќи Чарлс, поради љубовта кон внуците секогаш застанува на страната на Кејт, а Камила ја игнорира.

-Камила не успеа да се избори за наклонетост на народот, а малиот принц и принцеза уште повеќе ја турнаа во втор план. Затоа е љубоморна и повредено и е егото -пишуваат Англичаните.