Свет

Нов скандал со лошо изведена смртна казна во САД

Нов скандал со лошо изведена смртна казна во САД

САД ги тресе нов скандал со лошо изведена смртна казна. Педесет и петгодишниот Џозеф Вуд умирал цели два часа на погубувањето во Аризона.

Тој бил осуден за двојно убиство во 1989 – та година, кога ја убил својата девојка и нејзиниот татко.

Адвокатот побарал итен прекин на егзекуцијата, откако осуденикот почнал тешко да дише и да се гуши. Според него, тој губел здив повеќе од 600 пати пред да почине.

Ова е трет случај на неуспешно изведување на смртна казна, што наведува на фактот дека властите се уште немаат создадено проверена комбинација од хемикалии. Смесата во инјекцијата што ја користеа со години доаѓаше од европски производители, кои според новите закони, повеќе не смеат да ја извезуваат во Америка.