Нов скандал во Македонската црква во Австралија: Владиката Петар се степа со верник (видео)

Владиката Петар од Македонската црква во Австралија се степал со верник. Вчера во манастирот „Св. Прохор Пчињски“ во Донибрук, Австралија, владиката Петар со турканици и викање го избркал верникот Никола Ставрески, сопственик на порталот Фаланга.

Тргни се Јудо, му порача Петар на Ставрески, кој целиот конфликт го сними со камера.

Инаку, ова е само еден од многуте скандали во кои е вмешан владиката Петар. Тој неодамна се обиде да го расчини игуменот Гаврил во Австралиско-новозеландската епархија, на што се спротивстави струмичкиот митрополит Наум со повлекување на одлуката за канонскиот отпуст на отец Гаврил.

Владиката Тимотеј веќе одамна е на страната на Македонската заедница во Австралија која е во децениски конфликт со Петар.