петок, 2 декември 2016  |  Вести денес: 4

Нов скандал во општина Центар – Жерновски се обидува да партизира уште едно училиште

Андреј Жерновски продолжува со опструирање на работата на училиштата каде сеуште не инсталирал раководство од партиските структури!

ucenici uciliste

Поврзани вести

Андреј Жерновски продолжува со опструирање на работата на училиштата каде сеуште не инсталирал раководство од партиските структури! По полициските упади и девалвирањето на работата на „11 Октомври“, „Коле Неделковски“ и најстарото основно училиште во државата „Кирил и Методиј“, речиси идентично сценарио за поставување на партиска испостава се обидува да спроведе и во основното училиште „Димитар Миладинов“, каде во тек е оглас за избор на ново раководство.

И овој пат, силен е притисокот врз членовите на највисокиот управен орган, училишниот одбор, кои неодамна спровеле постапка за избор на директор и согласно законските процедури до градоначалникот доставиле 2 предлози, од вкупно пријавените тројца кандидати.

Како што дознава Нетпрес, членовите на одборот кои се претставници на општината и се инфилтрирани од Жерновски, незадоволни од тоа што биле надгласани, ја оспориле постапката, притоа немајќи објаснување за тоа, кои одредби од законите се прекршени. Нивните тврдење, кои на денешната вонредна седница на општинскиот совет ги изнеле советниците кои застапуваат,  оделе до таму дека дел од нив никогаш не гласале за некој од пријавените кандидати за директор, а всушност со дописот кој го пратиле до општина Центар, потврдуваат дека гласале.

Во меѓувреме, рејтингот на некогашните елитни училишта опаѓа, исто како и интересот за упис на нови генерации. Жителите на Центар велат оти е страшно ова што се случува во центарските училишта во последните 3 години. На Жерновски му порачуваат конечно да се вразуми. Политиката не смее да биде ставена пред образованието на најмладите.

Најчитани вести