Нов скандал во општина Струмица: Советник за неговата НВО добил 2,5 милиони денари

Уште еден висок партиски функционер на СДСМ во Струмица преку својата невладина органзиација добивал пари од Општина Струмица, објави информативниот портал „Курир“

Имено Петар Божинов, актуелен советник во општина Струмица од СДСМ преку неговата невладина органзиација “Културно забавен Живот“  во 2012 година добил 2,5 милиони денари, пари на граѓаните од општина Струмица за организирање на фестивал.

Нема информации дали ова здружение воопшто поднело Извештај за организацијата и реализацијата на фестивалот, ниту дали има поднесено финансиски извештај за остварените приходи и расходи, како што било обврзано со член 3 од одлуката на Советот на општина Струмица.

Од општина Струмица и од СДСМ сеуште молчат за ваквите скандали на доделување на пари на фирми и здруженија блиски до СДСМ, за кои веќе во континуитет медиумите јавуваат.

Во изминативе денови во јавноста се пишуваше дека Општина Струмица во неколку наврати доделувала милиони денари , народни пари,  на здружението Младински Совет во која основач е лично Зоран Заев, потоа на здружението Евро-Визија во кое овластено лице е асистентот на пратениците од СДСМ,  Ацо Манински, како и случајот во кој високиот rаководител на сектор во локалната самоуправа во Струмица Тони Милушев, му доделувал пари на здружението Новус во кое основач е неговиот син Ѓорѓи Милушев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.