среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 44

Нов скандал за „United Airlines“, патник во тек на лет го боцна скорпија

Претходно оваа седмица компанијата беше изложена на остри критики поради насилство над патник од кого се барало „доброволно“ да го ослободи местото во авионот поради вработен на оваа авиокомпанија.

scorpion-1

Поврзани вести

Американската воздухопловна компанија „United Airlines“ во петокот повторно мораше да се брани од обвинувања, откако еден патник се пожалил дека во текот на лет бил боцнат од скорпија.

Оваа компанија сé уште се обидува да го поврати угледот во јавноста откако минатата седмица од нејзин авиони беше исфрлен патник поради прекуброен број патници. Видеоснимката од тој инцидент го обиколи светот, предизвика и лавина критики во медиумите и на социјалните мрежи, а имаше и негативно влијание врз акциите на „United Airlines“.

Во новиот инцидент поврзан со оваа воздухопловна компанија, маж кој патувал на летот од Хјустон во канадскиот град Калгари, тврди дека од шкафот за багаж на главата му паднала скорпија којашто потоа го боцнала под ноктот, потврдија од компанијата по медиумските извештаи.

„Бевме во авионот речиси еден час и вечеравме кога нешто падна на мојата глава, па го фатив тоа“, изјавил оштетениот Ричард Бел за телевизијата CBS News.

Друг патник го предупредил Бел дека станува збор за скорпија, а животинчето тогаш го боцнало. Персоналот му помогнал на патникот по боцнувањето, а лекар по слетувањето го уверил екипажот дека животот не му е загрозен, изјавила портпаролката на „United Airlines“, Меди Кинг. Додала дека ќе му се извинат на својот клиент и ќе ги разгледаат следните потези.

Претходно оваа седмица компанијата беше изложена на остри критики поради насилство над патник од кого се барало „доброволно“ да го ослободи местото во авионот поради вработен на оваа авиокомпанија.

На пребукираниот лет од Чикаго за Луисвил, екипажот на „United Airlines“ сакал да ослободи четири места за свои вработени, па повикал патници доброволно да се откажат од летот со компензација. Бидејќи никој од патниците не се согласил, компанијата избрала неколку патници, а еден од нив бил несреќниот патник кој не сакал да се откаже од летот.

Снимките коишто ги направиле другите патници и ги објавија на социјалните мрежи, покажуваат како обезбедувањето насилно го извлекува патникот од седиштето и потоа го влечат по подот на авионот до излезот.

 

Најчитани вести