Нов случаја на ебола во Сиера Леоне

Втор случај на ебола во Сиера Леоне за помалку од една недела.

Портпаролот на Министерството за здравство на западноафриканската земја рече дека новиот пациент е 38-годишна жена, роднина на лицето кое на 12. јануари почина од ебола, а која се грижела за него. Тестот за ебола на починатиот беше направен дури по неговата смрт.

Оваа вест предизвика тревога во земјата и се смета за нов неуспех во обидите за искоренување на смртоносната епидемија во регионот, од која починаа 11.300 лица.