Нов случај на ебола во Германија

Граѓанин на градот Бохум вчеравечер бил префрлен во болница откако здравствените власти во Германија се посмневале дека тој е инфициран со вирусот Ебола, пренесува МИА.

Со строги мерки за безбедност противпожарната бригада го префрлила од неговиот дом во универзитетската болница во Дизелдорф каде што е изолиран од останатите пациенти.

Според властите во Западна Рајна Вестфалија заболениот е од Гвинеја и тој не претставува опасност за јавното здравје.

Гвинеја , Сиера Леоне и Либерија се трите најголеми жаришта на опасната болест од која според Обединетите Нации досега забоела околу 26 илјади луѓе а десетина илјади починаа. Последниот случај на Ебола во Германија е забележан во Ноември 2014 година кога доктор од Уганда успешно бил третиран во Франкфурт.