Нов случај на украдени таблички од македонско возило во Грција

Нов случај на украдени таблички од возило на македонски државјанин е пријавен вчера на ГП Богородица.

Случајот е пријавен од страна на лицето Д.П. од Кавадарци, сопственик на возило марка „сеат кордоба“ од кое биле украдени табличките. Тој пријавил дека вчера во  Грција биле украдени комплет регистерските таблички, по што случајот не бил пријавен во Грчката полиција.

Покрај овој случај, исто така и на ГП ,,Меџитлија‘’ бил регистриран уште еден случај на украдени таблички. Случајот е пријавен од страна на лицето Ј.П. од Струга, сопственик на возило марка “цитроен ц5”.

Ј.П пријавил дека вчера, во Пефкохори, Грција од неговото возило биле украдени комплет регистерските таблички. Случајот го пријавил во грчката полиција.

Со овие два нови случаи на украдени регистерски таблички  бројката на вкупно украдени регистерски таблички за оваа година достигна вкупно единаесет, а досега регистрирани се и пет оштети  на регистарски ознаки, со што забележуваме континуитет на проблеми од ваков карактер со кои мошне често се соочуваат  македоските туристи во Грција.