Нов смртоносен инцидент на лов

Уште еден трагичен ицидент со човечка жртва се случи во саботата околу пладне во околината на Куманово во текот на лов, кога еден од ловџиите бил најден застрелан во градите, информираше во неделата Министерството за внатрешни работи.

Во саботата околу 10,00 часот во селото Извор, кумановско, на месност викана Чуришт, било пријавено дека додека 41-годишниот Е.К. од селото Слупчане, заедно со неговиот пријател 48-годишниот М.И. од истото село биле на лов. М.И. со неговите кучиња се оддалечил од Е.К. и околу 12, првиот забележал како од планината се спуштат загарит кои се упатиле кон кучето на Е.К. и почнале да се дават.

Тогаш М.И. слушнал истрел и се упатил кон Е.К., при што го забележал легнат на земја и му кажал дека самиот пукал. М.И. тргнал да побара помош и наишол на ловџијата 36-годишниот А.И.од кумановското село Режановце.

Двајцата се вратиле кај Е.К. и забележале дека тој не дава знаци на живот, а А.И. настанот го пријавил во полиција и во итна медицинска помош.

Од страна на доктор констатирана е смрт, при што е забележана прострелна рана во пределот на десната страна на градниот кош.Увид на лице место извршиле јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Куманово. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.

Сличен инцидент се случи на 9-ти декември, кога ловџија го загуби животот откако беше усмртен со куршум од ловечка пушка во пределот на главата, во близина на браната Водоча во струмичко, кога поголема група ловџии се упатила во лов на дивеч.

Од засега неутврдени причини ловџијата бил погоден со куршум во пределот на главата. Не е познато како и од која пушка бил испукан куршумот.