Нов снежен бран во недела и понеделник

Денеска во Министерството за транспорт и врски се оддржа состанок на Координативното тело на кој се разгледаа мерките што ќе се преземат во врска со најавите за нов снежен бран што ќе ја зафати територијата на Р. Македонија.

Имено според прогнозите на УХМР, нов снежен бран ќе ја зафати територијата на Р.Македонија в недела попладне и понеделник, но според најавите од УХМР нема да биде со интензитет како претходниот бран.

Фокус на состанокот беа превентивнте мерки што треба да ги преземе ЈП Македонија пат во врска со обезбедување на соодветна опрема и механизација на критичните патни правци со цел да се овозможи безбеден и непречен сообраќај на возилата.

На состанокот беше потенцирано преку ЗЕЛС да се повикаат сите градоначалници директно да се вклучат во расчистување на сите патни правци за кои тие се надлежни и доколку имааат потреба да се обратат до надлежните институции за помош.

Од Кризниот штаб апелираат до сите граѓани и институции редовно да ја следат временската прогноза и да се придржуваат кон препораките што ги даваат надлежните институции.