Нов состанок на министрте на ЕУ за бегалската криза

Министрите за внатрешни работи на Европската унија на 22 овој месец на итен состанок ќе расправаат за начините како да се реши кризата со мигрантите и бегалците. Тогаш тие ќе ги продолжат и разговорите за планот за релоцирање на 120 илјади луѓе кои бараат азил во рамките на Унијата.

До овој состанок доаѓа откако тие претходно не успеаа да постигнат согласност за планот за релокација што го предложи Европската комисија. Неколку земји, како Чешка, Словачка и Унгарија се против овој план.