Нов тениски центар ќе се гради во Аеродром

Тендер за изградба на спортски тениски центар кој ќе содржи минимум осум тениски терени денеска објави Општина Аеродром.

Како што информираше на прес-конференција градоначалникот на општината Ивица Конески, тенискиот ценар ќе се гради преку јавно приватно партнерство, а инвеститорот покрај тениските терени ќе треба да изгради и компитабилни содржини.

– Оптимисти сме дека ќе се јават компании кои ќе го реализираат овој проект преку  јавно приватно партнерство. Овој Спортски тениски центар ќе се гради  во непосредна близина на СЦ „Јане Сандансдки“ покрај кејот на реката Вардар и ќе ги исполнува сите меѓународни стандарди за организирање на меѓународни турнири, истакна Конески.

Министерот за финансии Кирил Миноси нагласи дека Министерството и Владата на РМ даваат поддршка за сите капитални инвестиции кои, како што рече, имаат цел за спортскиот начин за живеење и одгледување на нови генерации на спортсисти. Миноски информира дека во годинешниот буџет  средствата кои се наменети за капитални инвестиции во спортот се поголеми за 400 милиони денари.

Тениските терени заедно со компитабилните содржини треба да бидат изградени најдоцна за 36 месеци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.