22.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

ВИДЕО: Нов тежок удар од Москва за Анкара

Курдите од сирискиот регион, познат како западен Курдистан или Рожава, вчера свечено отвориле своја неофицијална дипломатска мисија во руската престолнина Москва, јавува руската телевизија „РТ“, пренесува Нетпрес.

На отворањето присутна била и Синам Мохамад, европски претставник на регионот.

Новоотворената дипломатска канцеларија е посветена на „сите оние мајки и родители, кои ги загубиле своите чеда во херојската борба за западен Курдистан, рекла Мохамад.

Според неа, неофицијална дипломатската мисија во Москва ќе игра суштинска улога во зацврстувањето на руско-курдските односи.

Канцеларијата официјално ќе работи како невладина организација бидејќи според руските закони неможе да има дипломатско претставништво на регион.

Курдите го сочинуваат најголемото етничко малцинство во Сирија, а околу 250.000 од нив моментно живеат во Русија.

Отпочнувањето со работа на оваа неофицијална дипломатска мисија на Курдите е нов и сериозен удар спрема Турција, земја која со години води политика насочена против Курдите, како на својата сопствена територија така и во други држави.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.