Нов тренд: Лажна венчавка за 2.000 евра

Јапонската агенција „Серека“ со седиште во Кјото, од јуни оваа година организира соло свадби по цена од 2.000 до 2.700 евра, во завнисност од видот на услугите.

Целта на овие „лажни бракови“ е немажените жени барем на еден ден бидат среќни во улога на невести.

Агенцијата нуди можност на прошетка по автентичните населби на некогашниот главен град Кјото, како возење на невестите во специјално украсени автомобили.

Порграмата за сово венчавките предвидува два дена престој на невестите во Кјото.

Еден ден пред „свадбата“, невестите веќе поголемиот дел од денот го минуваат во салонот „Керин“, каде прават фризури, се шминкаат и се разубавуваат.

Според агентите на „Серека“, досега нема заинтересирани за изнајмување на традиционалните кимона за венчавање, туку клиентките се одлучуваат за долги бели фустани, затоа што сакаат да се чувстуваат како принцези.

За „невестата“ се организира и свечен ручек сама или во придружба на вработени од агенцијата во некои од луксузните ресторани.