Нов трговски центар во Битола

Премиерот Никола Груевски на денешниот народен собир одржан во Битола истакна дека тие го знаат нашинот како да се борат за македонскиот народ и земјата.

-Во Битола инвестираше Кромберг и Шуберт, вредноста на инвестицијата е 25 милиони евра и 2200 директно вработени кои произведуваат делови за Ауди, БМВ и Фолксваген. Владата донесе одлука за пренесување на касарната во Битола на општина Битола. Сега таму градат 8 фирми. Градат станбени објекти, деловен центар во кој ќе има и трговски центар. Продадени се и 78 парцели за индивидуални куќи, исткна Груевски.

Тој нагласи дека индустриската зона Жабени се изгради со инвестиција на Владата и општината Битола во вредност од 4,7 милиони евра.

-Во индустриска зона Жабени продадени се 38 градежни парцели. Издадени се 10 одобренија за градба. Канадската компанија “Cosmic development” штотуку отвори своја канцеларија во Битола со вработување на информатичари, потенцираше премиерот.