Нов Устав, приоритет на Ердоган

Новоизбраниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган побара од својата владејачка партија во следната година да работи на силно парламентарно мнозинство за да се овозможи составување на нов Устав во земјата, пренесува Ројтерс.

Тој наговести дека нема да отстапи од амбицијата да ја претвори претседателската функција како дел од извршната власт.

„Наша цел би требало да биде да создадеме мнозинство во парламентот за да можеме без проблеми да го составиме новиот устав. Не верувам дека ќе се направат компромиси по ова прашање“, изјави Ердоган.