Нов вирус: Имал црвенило на очите, следниот ден починал

Редок вирус по 50 години повторно се појави во САД, а овој пат епидемијата толку е изразена што се појавила кај илјада деца.

Овој вирус предизвикува потешкотии во респираторниот систем и парализа.

Четиригодишниот Ели Волтер добил благ конјуктивитис , поради што мајка му одлучила да го задржи дома. Без грижа таа го заспала, а кога изутрината дошла во неговата соба, на свој ужас сфатила дека детето е мртво. Ели починал во сон, а конјуктивитисот бил симптом на заразата на респираторниот вирус кој коси низ САД.

Ентеровирусот EV-D68 по 50 години повторно се појавил и набрзо се проширил низ 43 американски држави. Прв смртен случај е десетгодишно девојче, а се испитува и поврзаноста на вирусот со 10 случаи на детска парализа во Колорадо. Се верува дека детската парализа е една од компликациите кај заразата со овој вирус.