Почна изградбата на нов водовод во населбата Аеродром

Почна изградбата на нов водовод во населбата Аеродром. Како што информираше директорот на ЈП Водовод и канализација, Александар Атанасов, се работи за изградба на ново и квалитетно водоснабдување на ул. „Руди Чајевац“, на ниска и висока зона, на потегот од ул.„Коста Новаковиќ“ до ул.„Фрањо Клуз“ со вкупна должина од 1.060 метри и во вредност од 10 милиони денари.

На овој простор на местото на старите воени бараки сега се градат висококатници од 7 до 9 ката, заради кои беше потребна ваква инвестиција. Граѓаните кои ќе живеат во овие згради ќе немаат проблеми со водоснабдувањето. Ќе бидат поставени нови цевки F=160, со кои ќе се задоволат потребите на овие корисници, рече Атанасов.

Како што нагласи претпријатието ќе продолжи како до сега така и во иднина, да излегува во пресрет на граѓаните со слични вакви инвестиции, со цел подобрување на квалитетот на живот на граѓаните на Град Скопје.