Нов закон за земјоделски задруги побараа македонските зeмјоделци

Измена  на законската регулатива  за земјоделски задруги бидејќи членовите двојно се оданочуваат, не е прецизирано што здружуваат, а подлежат на книговодство со што не се конкурентни во однос на останатите земјоделци.

Ова е ставот на македонската асоцијација на земјоделски задруги на конференцијата во Струмица каде беа присутни задругари од целиот Балкан.

Не се спремни задругарите да здружуваат имот во задруги. Сето тоа ќе треба да се дефинира на некој начин во новиот закон. Тоа е еден од проблемите.  Другиот проблем е двојното оданочување на членовите на задругите и приходот што го остварува задругата и третиот дел е дека не сме рамноправни со индивидуалните производители, вели Менде Ивановски – Асоцијација на земјоделски задруги.

Во земјава функционираат 39 земјоделски задруги. Од финансиска гледна точка сите се со лоши резултати. Но задругарите имаат одредени бенефиции.

Владата размислува да донесе нов закон за задруги кажа Трајан Димковски од министерството за земјоделство. Смета дека задругарите треба да добијат поголеми бенефиции.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.