Нов зeмјотрес во Лос Анџелес

Уште еден зeмјотрес го потресе Лос Анџелес.

Според американскиот Геолошки завод. земјотрес со интензитет од 4,1 степени според Рихтеровата скала повторно е регистриран во поширокото подрачје на Лос Анџелес во Калифорнија.

Земјотрес се случи околу 14 часот и 30 минути по локално врема (21:30 по средноевропско време).

Епицентарот на земјотресот бил на 45 километри југоисточно од Лос Анџелес, на длабочина од 32 киломертри и бил почувствуван до Сан Диего, а на север до округот Вентура.

Земјотресот предизвикал само мала материјална штета.

Во Калифорнија и вчера е регистриран земјотрес со интензитет од 5,1 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот беше во близина на Ла Хебра, предградие на Лос Анџелес, на 1,9 километри длабочина.