Нов Зеланд бара сезонски работници – дневница 160 евра

Нов Зеланд произведува големи количества овошје, а особено јаболка. Секоја година оваа земја се соочува со истиот проблем, а тоа недостиг од сезонски работници.

Како што пишуваат странските портали, се претпоставува дека годинава ќе имаат недостиг од неколку илјади сезонски работници кои шест дена во неделата во две смени би береле и би пакувале киви и јаболка.

Зависно од подрачјето каде се наоѓаат овоштарниците, бервите почнуваат кон крајот на февруари и ќе траат некаде до средината на мај. Тамошните овоштари затоа бараат од нивната влада да го одобри доаѓањето на голем број сезонски работници од целиот свет, кои што со туристичка виза би можеле да дојдат и да помогнат во бербата.

Според моменталните прописи Нов Зеланд годишно смее да прими најмногу 9, 5 илјади сезонски работници. Доколку не им се одобри зголемување на оваа бројка, некои производители на овошје најавуваат дека или ќе го намалат производството или нема да ги реализираат планираните зголемувања на насадите.

Компаниите истакнуваат дека се работи напорно, по потреба и подолго од осум часа дневно, дека берачите се платени по учинок и дека дневно може да се заработи и до  160 евра, секако во противвредност на новозелнадски долари. Шансите се поголеми доколку имате возачка дозвола.

Исто така, не е важно од каде доаѓате, но важно е да имате барем основно познавање на англискиот јазик. Исто така важна е и добрата здравствена состојба, како и голем број други поединости.