среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 63

Нов Зеланд: Заробени туристи чекаат евакуација

Тие се блокирани во подрачјето кое беше погодено од земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтер во кој две лица загинаа и била причинета голема штета.

_92444427_f82a6bff-f59c-4f8c-ba22-3544ed826c9d

Последни вести

Спасувачките служби на Нов Зеланд со помош на брод и хеликоптер се мобилизирани и треба да ја почнат евакуацијата на околу илјада туристи.

Тие се блокирани во подрачјето кое беше погодено од земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтер во кој две лица загинаа и била причинета голема штета.

1156857407582aac4f869ea269159997_v4_big

Брод на новозеландската морнарица испловил од Оукленд и требал во средата наутро по локално време да стигне во Каикоуру, регион во Јужниот остров за да евакуира 500 туристи, пренесува „Хина“.

536931210582aac5078382309813594_v4_big

Силните одрони кои ги предизвика земјотресот ги пресекоа патните правци и железничката пруга до градот Каикоура, каде што се засолниле стотина лица. Тука се затекнале меѓу 600 и 1.000 туристи, главно странци кои дошле да гледаат китови.

1666911266582aac50eb898211592527_v4_big

Во евакуациите ќе учестуваат четири воени хеликоптери, авион „Херкулес Ц-103“ како и педесетина цивилни хеликоптери.

Најчитани вести