Македонија

Нов зелен бран и нови коловозни ленти во Скопје

Нов зелен бран и нови коловозни ленти во Скопје

Проектите вкупно ќе чинат околу два милиона денари, пишува Дневник.

Проект за зелен бран ќе се изработува за улиците 11 Октомври и Димитрија Чуповски во строгиот центар, но и за улица Ѓорче Петров во истоимената населба. Првиот договор е во висина од 413.000 денари, а вториот – 531.000 денари, а ќе ги изработува „Зум проект“. Од „Евророад дизајн груп“ го добиле тендерот за основен проект за изградба на дополнителни ленти на улица Благоја Стефковски во Маџари. Неговата вредност е 107.767 денари.

За раскрсницата на улицата Никола Kарев со „Македонско-косовска бригада“ во Чаир се работи проект за репрограмирање на светлосните сигнали, а истото се однесува и на улиците Никола Kарев и Ѓуро Ѓоновиќ кај Транспортен центар во Маџир Маало. Двата договора посебно се по 108.855 денари, а проектите ќе ги работи „Ин-пума“. Истата фирма ќе ги работи и сообраќајните проекти за семафоризација и зелен бран на „Трета македонска бригада“ во Аеродром, која во моментов се проширува за две ленти, во износ од 413.000 денари.

Во центарот ќе се работи и на идеен проект за нов сообраќаен режим на потегот од Kатоличка црква до Kисела Вода. Поточно, за непречено возење од центар, по улицата кај поранешна НИП „Нова Македонија“, преку „Свети Kлимент Охридски“ и Јужен булевар до населбата Пролет. Новиот режим е потребен кога ќе започне проширувањето на улицата Јордан Мијалков за нови две ленти, односно изградбата на подземната улица зад „Рамстор“. Овој проект ќе чини 283.000 денари.

Во Автокоманда, на раскрсницата меѓу улиците 16. македонска бригада и Kоце Металец ќе се гради кружен ток, а висината на склучениот договор со „Ин-пума“ за изработка на проектот е 110.920 денари.