Свет

Нов земјотрес го погоди Чиле

Нов земјотрес го погоди Чиле

Земјотрес со интензитет од 6,5 степени по Рихтер го погоди денеска крајбрежјето на Чиле, соопшти американскиот Геофизички институт.

Потресот бил почувствуван и во главниот град Сантјаго. Засега нема информации за повредени и предизвикана материјална штета.

Епицентарот на потресот бил на 143 километри северозападно од пристанишниот град Валпараисо на длабочина од 34 километри.

Во средата Чиле беше погоден од земјотрес со интензитет од 8,3 степени при што загинаа 13 лица.