Нов земјотрес регистриран во Грција

Уште еден земјотрес регистриран вчеравечер во Грција.

Земјотресот бил со јачина од четири степени според Рихтеровата скала, а истиот бил регистриран во регионот на грчкиот остров Карпатос во Егејското море.

Епицентарот на земјотресот бил источно од островот на 449 километри југоисточно од Атина.

Нема податоци за евентуални жртви или за причинета материјална штета.

Пет земјотреси еден по друг, од кои најсилниот беше со 5,1 степен, го погодија регионот на Солун и на полуостровот Халкидики.