Нова агресија врз Македонија

Во минатата колумна пишував за природните катаклизми како предупредување кон луѓето и народите. Сега мора да се коригирам. Водната стихија што се случи вечерта на 6 август врз Скопје НЕ БЕШЕ ДЕЛО НА ГОСПОД, ТУКУ НА ОНИЕ, КОИ ПО КРАЈОТ НА СТУДЕНАТА ВОЈНА, ШТО СЕ ДОЖИВУВАА КАКО ГОСПОД?!

Што значи „дождовна бомба“?

Таа доаѓа кога се среќаваат дождовни облаци со топлиот воздух. Само што на 6 август и во претходните денови температурите во Скопје беа 33-34 степени, т.е. пониски отколку во јули кога достигаа до 40 степени. И пред сегашната катастрофа, не еднаш имало невреме и поплави, но МОРА ДА ГИ СФАТИМЕ РАЗЛИКИТЕ:

Прво, од 1916 година до ден-денес Скопје целосно било поплавувано три пати и секогаш било проследено со излевање на коритото од реката Вардар. Овој пат не се случи тоа.

Второ, кога има невреме тоа опфака поголем регион. Во последниот случај „дождовната бомба“ создаде пораз врз 4 километри, каде се истурија 1.3 милион кубици вода. Притоа, на тие места, само за 23 минути паднаа 95 литри на метар квадратен. Во останатиот дел на Скопје и на Македонија, за кое предвидуваа неколку денови пред тоа метереолозите, беше од познат вид. Обратете внимание, во Скопје на Зајчев Рид изврнаа 95 литри, а во Петровец – само 5 литри.

Трето, директорот на УХМР Оливер Ромевски изјави:

„Во момент на дување на 70 километри на час на ветерот, атмосферската нестабилна маса застана, буквално застана на место и почна да истура огромно количество, буквално една водна бомба на таа теритотија… Подоцна тргна повторно да се извлекува по логичната траекторија, но повторно нелогично се врати назад…“.

Со еден збор, стихијата како да е управувана дистантно.

Четврто, во споредба со минатото, громовите и молњите имаа специфичен вид. Тие го осветлуваа целото небо како огномети. Таков чуден и неприроден вид имаа громовите во невремето врз Софија во летото, 2014 година. Или пак на 2 февруари 2015 година во Квинсленд, Австралија, каде преку „микроврзив“ од 5 минути се истури неверојатно количество вода.

Петто, Господ не е политичар, но во последниве години во светот, вклучително и Балканот, невремето – поплави, земјотреси, цунами е политички обоено. ПРИТОА, ОД 2002 ГОДИНА НАВАМУ ТОА ПОЛИТИЧКО НЕВРЕМЕ ПРЕКУ КЛИМАТА Е ВО ЧУВСТВИТЕЛЕН ПОРАСТ. Да се потсетиме за големите поплави во Бугарија, кога беше во прашање „Турски тек“. Тогаш за 44 денови имаше повеќе од 10 големи поплави со многу жртви. Да се потсетиме за невремето во Хрватска околу членството на државата во НАТО, во Србија – околу преговорите за Косово и така натаму.

САКАМ ДИРЕКТНО ДА ГИ ПРАШАМ ИДИОТИТЕ И НАМЕРНО НЕДОВЕТНИТЕ КОИ ДЕЖУРНО СЕ СПРОТИВСТАВУВААТ НА ’КОНСПИРАТИВНИ ТЕОРИИ’, КАКВА Е ТАА СЛУЧАЈНОСТ МЕЃУ ПОЛИТИЧКИТЕ, ЕКОНОМСКИТЕ, ВОЕНИТЕ (ВКЛУЧИТЕЛНО ПРЕКУ „ШАРЕНИ РЕВОЛУЦИИ“) ИНТЕРВЕНЦИИ НА САД И ЧУДОВИШНОТО НЕВРЕМЕ ВО НАПАДНАТИТЕ ДРЖАВИ? ДА НЕ ГОСПОД СТАНАЛ АМЕРИКАНЕЦ?

Работата е сосема јасна. Американската диверзија врз целиот свет не знае за граници и се проширува во секакви форми и димензии. Надвор од познатите агресии се користат биофизички, хемиски оружја и дури нуклеарни маскирани како природни катаклизми.

Малку историја. Познатиот американски систем ХААРП официјално стартира со Закон на Конгресот на САД во 1990 година. Велам официјално, затоа што уште од 1960 година има направено разно-разни експерименти за контролирање на климата. Во 1997 година во Алјаска ХААРП е веќе во дејствие. Таму има уште еден сличен систем ХИПАС. Најмоќната од овие системи е на Гренланд од 2001 година. Во Европа се изградени станците ЕИСКАТ и СПЕАР во Норвшка. Овие објекти се ставени на места од каде што ќе има најголема можност да се управува со јоносферата и преку неа да се менува климата. Со нив се управува и времето на целата северна топка. Северната топка е интересна за САД, затоа што таму живее 90 отсто од населението на Земјата. Таму се Европа, Азија (без Индонезија), Северна Америка, мал дел од Јужна Америка и 2/3 од Африка. Со други зборови, таму се наоѓаат сите големи…