Нова авантура со Државна лотарија и KIA SPORTAGE во Прилеп

Инстант лотаријата на Државна лотарија на Македонија, ја продолжува својата АВАНТУРА, овојпат во Прилеп. Среќниот добитник Марјан Ѓорѓијоски низ улиците на Прилеп ќе го вози својот нов автомобил КIA SPORTAGE.

Марјан е еден од упорните трагачи по среќата и добивките во инстант лотаријата , и секојдневно гребе по неколку инстант лоза. Овој пат се упатил во Среќното место АЈ НИКА во Прилеп и купил два инстант лоза. Златната рипка не му донела позначајна добивка , но АВАНТУРА-та била среќна за него. Откако ги открил трите симболи со автомобил КИА , му станало јасно дека набргу ќе вози нов автомобил.

1lotarija

Вчера, во Прилеп, Државна лотарија на Македонија, му ги врачи и клучевите, а тој заедно со своето семејство и пријатели се израдува на добивката и замина со нов автомобил.

Инаку, инстант лозот Авантура во фондот на добивки нуди 10 (десет) автомобили Kia Sportage и парични добивки до 50.000,00 денари., а секој трет лоз е добитен.

2lotarija

Играчите на инстант лозот  Авантура  за само 60 денари  имаат можност да добијат автомобил Kia Sportage, со сите платени давачки.

Не пропуштајте ја шансата за добивка. Впуштете се во ‘Авантура’ и изгребете Kia Sportage!