Македонија

Нова Автоматска метеоролошка станица во Велес

Нова Автоматска метеоролошка станица во Велес

Нова автоматска метеоролошка станица денеска ќе биде пуштена во употреба во кругот на Општата болница во Велес.

Со пуштање на станицата ќе се придонесе системот на податоци и прогноза да биде подигнат на уште повисоко ниво.

Автоматската метеоролошка станица свечено ќе ја пуштат во употреба градоначалникот на општина Велес, Славчо Чадиев и директорт на Управата за хидрометеоролошки работи Оливер Ромевски.