Македонија

Нова цена на горивата: Дизелот поевтин, бензините поскапи

Нова цена на горивата: Дизелот поевтин, бензините поскапи
Поевтинува дизелот

Од денеска горивата се продаваат по нова цена. Дизелот се продава по пониска цена за 1,5 денар, а цената на бензините е повисока за половина денар.

Новата цена на Еуросупер БС-95 изнесува 71,50 денари за литар, а на Еуросупер БС-98 е 73,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Еуродизелот ќе изнесува 53,50 денари за литар, а на екстра лесното масло за домаќинство 42 денара. намалена е и цената на мазутот и изнесува 26,3 денари за килограм.

Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар изнесуваше 58,6 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот 55,66 денари за долар.