Македонија

Нова читална во ОУ „Блаже Конески“ во Аеродром

Нова читална во ОУ „Блаже Конески“ во Аеродром

Во општинското основно училиште „Блаже Конески“ денеска е пуштена во употреба новата читална, проект што се реализира во соработка со ЕВН и Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“.

Целта е да се поттикнат учениците да создаваат здрави навики за читање и интелектуален развој од мали нозе и да го негуваат македонскиот јазик.

Читалната е опремена со комплетно нов мебел и анатомски столчиња, наменети за најмладите читатели од училиштето, со цел да уживаат во богатиот библиотечен фонд.

-Со изградбата на оваа читална се подобрија условите за работа на библиотеката, а истовремено и за учениците кои ги користат нејзините услуги, соопштуваат од Општината.

Во рамки на овој проект е планирано да се изградат 3 вакви читални во Македонија, а Општина Аеродром е прва од општините во која се изгради ваква читална.