Балкан

Нова демократија бара статуа на Александар Велики во Атина

Нова демократија бара статуа на Александар Велики во Атина

Вкупно 24 пратеници на владејачката грчка партија Нова демократија побараа во Атина на прометно место да се постави статуа на Александар Велики, објави МИА.

Пратениците бараат да се постави статуата што ја изработил скулпторот Јанис Папас во 1993 година и за овој чекор отворено се вели дека е поврзан со „националистичкото глорифицирање од страна на Скопје“.

Скулптурата на Папас ја купило грчкото Министерство за култура кога министерка беше Дора Бакојани, и ѝ била доделена на Општината Атина. Но, од тогаш, статуата е во магацин што ги поттикна пратениците да обвинат дека во Грција се „толерира“ небрежност и опструкција.