Нова Демократија: Ципрас не поднесува оставка, тој бега

Ципрас не поднесува оставка, тој бега. Ова е ставот на грчката опозициска партија Нова демократија по оставката на премиерот Алексис Ципрас.

Мимаракис: Ципрас не поднесува оставка, тој бега

Нова Демократија одржа прес конференција веднаш по одлуката на Ципрас да си поднесе оставка и да закаже вонредни избори во септември. Според, Мимаракис, Ципрас не поднесува оставка, тој бега, јавува Грик рипортер.

Ципрас бега. Тој се обидува да избегне дилеми, духот на Лафазанис, кој лебди над него. Тој има големо чувство на вина како наводно стар левичар, изјави Мимаракис на синоќешната прес-конференцијата, која ја одржа откако Ципрас објави предвремени избори.

Мимаракис: Ципрас не поднесува оставка, тој бега
Мимаракис: Ципрас не поднесува оставка, тој бега

Тој рече дека ако премиерот навистина успеал, тој не би имал никаква причина да се впушта во избори.

Тој се откажува, тој го предава оружјето, го фрла штитот. Во овој момент јас дури и не сакам да се сретнам со него. Лафазанис има поголема етичка предност, истакна тој.

Нова Демократија ќе направи напори во Грција да бидат избегнати предвремени избори

Нова Демократија ќе направи напори во Грција да бидат избегнати предвремени избори
Нова Демократија ќе направи напори во Грција да бидат избегнати предвремени избори

Лидерот на Нова Демократија, Евангелос Мимаракис потврди дека партијата ќе го прифати мандатот да формира нова влада и забележа дека партијата е потготвена за потенцијалната предизборна битка. Тој нагласи дека ќе го искористи уставното право на неговата партија да се обиде да формира влада, па дури и малцинска администрација, се цел да се избегне во Грција да се одржат предвремени избори следниот месец. Тој уште денеска ќе се сретне со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, кој ќе му даде мандат да формира влада.

Мимаракис, исто така, изјави дека преку прелиминарните мандати ќе ги исцрпи сите можности за да се најде решение преку актуелниот Парламент, прво со средба со лидерот на Потами Ставрос Теодоракис, а потоа и со лидерот на ПАСОК Фофи Генимата. Тој, исто така, рече дека со членовите на партијата ќе разговара за можноста за средба со Златна зора, Комунистичката партија, Независни Грци и со Лафазанис, како лидер на нова партија.

Според Уставот на Грција, ако една влада поднесе оставка во рок од една година од последните избори, претседателот на земјата треба да врачи прелиминарен мандат на лидери на опозицијата, кои ќе се обидат да формираат влада, почнувајќи од најголемата партија. Мандатот трае три дена и ако напорите не успеат, мандатот и се доделува на втората по големина опозициска партија, а потоа на третата. Ако сите овие обиди да се формира нова влада пропаднат, тогаш претседателот закажува избори.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.