Нова демократија го критикуваше Ципрас за негативен публицитет на Грција

Грчката опозициска партија Нова демократија го критикуваше премиерот Алексис Ципрас за негативен публицитет на Грција во странство, јави МИА.

Портпаролот на опозициската партија Костас Карагунис даде изјава по заедничката прес-конференција на Ципрас и италијанскиот премиер Матео Ренци, на која шефот на грчката Влада истакна дека ќе се бори со корупцијата која во Грција е многу проширена.

– Претставувајќи ја нашата земја во странство, Ципрас ја нарече Грција корумпирана земја, исто како Јоргос Папандреу, истакна Карагунис.

– Го повикуваме Ципрас и неговата коалициска Влада, во пресрет на претстојните преговори, барем да го следат патот на сериозност и одговорност за доброто на земјата, рече портпаролот на Нова демократија.

фото: МИА

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.