Македонија

Нова директна авиолинија Охрид-Базел

Нова директна авиолинија Охрид-Базел
Нова директна авиолинија Охрид-Базел

„ТАВ Македонија“,  На охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле’’, од вечерва воведува нова директна авиолинија Охрид-Базел,  со авиокомпанијата  „Визер“.

Авионот кој ќе слета од швајцарскиот град во Охрид вечерва во 18 часот и 40 минути, во Македонија ќе донесе 179 патници, a од „Св. Апостол Павле“ во Базел ќе однесе 133 патници.

Како и за секоја новоотворена линија, така и за оваа, „ТАВ Македонија“ ќе го прослави првиот лет со традиционалната церемонија за добредојде – сечење на торта, воден мост во форма на виножито околу воздухопловот, како и девојки облечени во народни носии кои им нудат закуска на патниците.

– Денеска, во екот на туристичката сезона, ја промовираме авиолинијата Охрид-Базел на нискотарифната компанија  „Визер“. Оваа линија е преку целата година, а Базел е втор град во Швајцарија што се опслужува од Охрид и е познат како центар во кој живеат и многу печалбари од охридско-струшкиот регион, изјави Зоран Крстевски, генерален директор на „ТАВ Македонија“.

На новата релација ќе се лета два пати неделно, секоја среда и секоја недела, во истото време, пристигнувајќи на охридскиот аеродром во 18 часот и 40 минути и заминувајќи назад за Базел 19 часот и 10 минути. Летовите засега се закажни до 21 октомври.

Оваа нова рута е втората што се отвора летово од охридскиот аеродром, по првата Охрид-Лондон која беше свечено отворена на 10 јуни.

Од компанијата оператор на двата македонски аеродроми очекуваат пораст на авиосообраќајот на „Св. Апостол Павле“ во текот на летото, како резултат на овие нови авиолинии, како и чартер-летовите од Холандија, Австрија, Швајцарија и Белгија.

Лани „ТАВ Македонија“ на двата аеродроми, скопскиот „Александар Велики“ и охридскиот „Св. Апостол Павле“, опслужи речиси 1,3 милиони патници и притоа забележа пораст од 20 проценти на годишно ниво.