Нова експлозија во Брисел, во тек полициска акција

Експлозија одекна во бриселскиот кварт Шарбек. Во тој дел од градот е во тек антитерористичка полициска акција.

На местото на експлозијата има голем број припадници на специјалната полиција, оклопни возила и воени камиони.

б

„Либр белжик“ јавува дека едно лице во оваа операција е „неутрализирано“. Квартот е блокиран. Заега други детали нема.

Полицијата претходно во овој кварт уапси неколку лица кои се осомничени дека учетвувале во неодамнешните напади во Брисел.

Во терористичките напади на аеродромот и метрото во Бриел во вторникот загинаа 31 лице, а над 300 беа повредени. По нападите белгиската полиција спроведе бројни рации, а медиумите и оваа операција ја доведуваат во врска со неодамнешните напади.