Нова експлозија во кинеското пристаниште Тјанцин

Нова експлозија во кинеското пристаниште Тјанцин
Нова експлозија во кинеското пристаниште Тјанцин

Нова силна експлозија се случи утринава во близина на магацин во северното кинеско пристаниште Тјанцин, каде минатата недела во серија експлозии животот го загубија 114 лица, а 70 се исчезнати, јави кинеската државна телевизија.

Во соопштението се наведува дека по новата експлозија се кренал бел чад. Објавена е наредба за евакуација.

Во гаснењето на пожарот во индустриската зона Тјанцин учествуваат над 1.000 пожарникари и околу 1.500 војници.

Спасувачките екипи вчера пронајдоа уште десет тела на загинати во експлозиите, што се случија на 12 август. Меѓу исчезнатите се неколку десетина пожарникари.

Кинеското Министерство за заштита на животната средина објави дека на местото на несреќата се пронајдени цијанид и други опасни токсични хемикалии, пренесува ТАСС.

Според кинеското министерство нивото на цијанид е осум пати над дозволеното ниво во една од канализациските цевки во погодената област. Државната телевизија објави дека 698 лица се задржани во болница по експлозијата.

Бројот на загинати во експлозијата во Тјaнцин се искачи на 112

Бројот на загинати во експлозијата во Тјенцин се искачи на 112
Бројот на загинати во експлозијата во Тјенцин се искачи на 112

„Билансот на загинати во кинескиот пристанишен град Тјaнцин во експлозиите што се случија во средата, се зголеми на 112 лица, откако на местото на несреќата се пронајдени телата на уште загинати, јави вчера Синхуа“.

Судбината на 95 луѓе е сеуште непозната.

Во несреќата се повредени 750 лица.

Нови експлозии и пожари го потресоа вчера Тјенцин, но спасувачите пронајдоа и еден преживеан, кој е извлечен од изгореното складиште, три дена по експлозијата.

Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциско одржа денеска молитва за жртвите во несреќата во Тјaнцин.

„Се молам за сите оние кои ги загубија животите, како и за сите погодени од оваа катастрофа – рече папата Франциско на плоштадот Свети Петар во Рим“.

Тјaнцин е главното пристаниште и индустриско подрачје југоисточно од Пекинг.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.