среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 31

Нова експлозија во Турција

На паркингот на трговско-индустриската комора во турскиот град Анталија денеска одекна силна експлозија, јави Си-Ен-Ен Турк.

експлозија

Поврзани вести

Според информациите на оваа телевизија во експлозијата има повредени, пренесува БТА.

Кон местото на инцидентот упатени се голем број амбулантни возила.

Засега не е позната причината за експлозијата.

Во експлозијата оштетени се голем број возила и прозорци на околните згради.

Според градоначалникот на Анталија Мендерес Турел можно е експлозијата да била несреќа, но истрагата ќе ја утврди точната причина. Тој дополни дека има поголем број повредени лица, но никој не е во критична состојба.

Најчитани вести