Нова експозитура на Шпаркасе Банка во центарот на Скопје

Шпаркасе Банка отвори нова експозитура во непосредна близина на Плоштад Македонија на ул. „Никола Вапцаров“ бр. 18. Експозитурата Центар е уредена и опремена според највисоките европски стандарди кои се применуваат во Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе Групацијата и е десетта експозитура на Банката во Скопје.

Новата експозитура, на една од најфреквентните локации во градот, овозможува лесна достапност и непречена комуникација на клиентите со вработените и е чекор понапред во определбата на Банката за сеопфатно задоволување на потребите на сегашните и идните клиенти.

„Шпаркасе Банка е банка блиска до своите клиенти.Како дел од Групацијата Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе, во нашата деловна политика вградена е определбата за градење на долгорочни релации со клиентите, преку индивидуален пристап и советодавна услуга на нашите вработени, во најсовремени услови според европски стандарди,“, изјави Маја Палчевска, Директор на Регионален центар – Центар.

Со отворањето на експозитурата официјално беше пуштен во употреба и новиот банкомат кој Банката неодамна го промовираше. Банкоматот во Експозитурата Центар е првиот поставен банкомат од ваков тип, кој ќе им биде достапен на клиентите, а преку кој ќе можат да ги вршат сите функции на една експозитура. Согласно стратегијата за развој на Банката, во наредните три години постепено ќе ги замени постоечките банкомати со новиот тип на банкомати.

Честа да ја направи првата трансакција на првиот банкомат со депозитна функција во Македонија ја имаше актерот Сашко Коцев, кој како долгогодишен клиент на Банката, пред присутните гости ги демонстрираше единствените можности на овој најсовремен банкомат.

По повод отворањето, Банката им доделува по две гратис карти за следната изведба на претставата „Не се клади на Енглези“ на првите пет лица кои ќе станат корисници на еден од пакетите С или М во новата Експозитура Центар.

Шпаркасе Банка и во иднина ќе продолжи во исполнувањето на својата стратешка определба за надградување на своите услуги и развивање на своите производи, се со цел задоволување на потребите на клиентите во согласност со европските трендови и стандарди.