Нова експозитура на ТТК Банка во Скопје

ТТК Банка отвори нова експозитура во Скопје, во населбата Карпош 3, како петта новоотворена деловна единица оваа година.

Преку проширување на деловната мрежа и приближување на производите и услугите до крајните корисници, ТТК Банка продолжува да го унапредува своето работење.

Новата експозитура во населбата Карпош 3, се наоѓа на булеварот Партизански Одреди број 62/2-17 и ќе работи од понеделник до петок, од 08 – 16 часот.

Корисниците на ТТК Банка имаат можност да добијат брза и квалитетна услуга при извршување на универзалните банкарски активности: кредитирање на физички и правни лица, платен промет во земјата и странство, менувачко работење, брз трансфер на пари, депозитно работење и други.

Актуелно, ТТК Банка за своите корисници нуди особено поволни услови за потрошувачките и станбените кредити за физички лица како и атрактивни услови за електронското банкарство.

Во Банката се достапни бројни производи и услуги за поттикнување на растот и развојот на малите и средни претпријатија.

 

На територијата на земјава, ТТК Банка ги опслужува своите корисници во 34 деловни единици – 7 филијали, 23 експозитури, 4 шалтери.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.