Нова енергетски ефикасна фасада на зградата кај „Сава-Крањ“

Нова енергетски ефикасна фасада на зградата кај „Сава-Крањ“
Нова енергетски ефикасна фасада на зградата кај „Сава-Крањ“

Зградата на улицата Мито Хаџивасилев – Јасмин, кај „Сава Крањ“, изградена далечната 1960-та година,  доби нов лик.

Фасадата  го задржа автентичниот изглед, но сега е со печат на новото време. Самите станари избраа светла подлога, со акценти во сина и жолта боја.

Зафатот, кој го направи општина Центар, е на 4800 м2. Граѓаните, освен нова модерна фасада,  добиваат и за 1/3 пониски сметки за греење.

На барање на станарите,  бојадисани се  и надворешните врати,  офарбените се и оградите од терасиите и лоѓиите,  поставени се  дополнителни и поголеми олуци.

Проектот за реконструкција на детско игралиште, кое се наоѓа позади зградата, е во подготовка, а општина Центар  ќе  го  обнови и зеленилото околу објектот. Игралиштето ќе биде по европски стандарди,  со современи реквизити и гумен под поради безбедноста на децата.

Зградата кај „Сава Крањ“ има посебно значење. При оформување на Градскиот зид, водено е сметка да стане дел од комплекст со поместување на соседните кули.

Таа е дел од историјата на модерно Скопје, и токму затоа беше важна рекострукцијата и сочувувањето.

Ова е дел од проектот за изработка на термички фасади со енергетска ефикасност на станбените објекти на територија на општина Центар.

Оваа осма енерегетски-ефикасна фасада која што ја направи општина Центар. На ред е фасадирањето на зградите на улицата Владимир Полежаноски бр. 19 (поранешна Иван Милутиновиќ) и на булеварот Илинден бр. 83.